Честитка од министерот Спасовски по повод католички Божиќ
– По повод големиот христијански празник Христово раѓање Божик, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати честитка до граѓаните од католичка вероисповед.
-Дозволете во свое лично име и во име на МВР да ви го честитам големиот христијански празник – Божик, со желби за здравје и радосни празнични мигови. Христовото раѓање е нова просветлена иднина за човештвото. Да се радуваме на празникот на љубовта, единството и солидарноста, како највозвишени човечки особини. Да ја споделуваме радоста и да се заблагодариме за Божјата милост, за љубовта на Бога кон човечкиот род, се вели во честитката од Спасовски.
Нека овој голем празник ни го осветли патот кон позитивните вредности и нè обедини, се посочува, да се разбираме, да се почитуваме и да си помагаме едни на други, заедно да градиме мир во нашето општество.
-Ви посакувам празничен период исполнет со хармонија и многу радосни моменти со најблиските. Христос се роди! Среќен Божик!, се нагласува во честитката од Спасовски до граѓаните од католичка вероисповед.
Ново на Сител
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
-

Уапсени двајца велешани, пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага
-

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, вкупно 3000 можни стипендии
-

Скопје денеска имаше најстудено утро, локален дожд попладне и во текот на ноќта
-

Денеска е Митровден - празник посветен на Светиот великомаченик Димитриј
