Честитка од Груевски по повод Св. Климент
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од негово и од име на партијата денеска, по пвод празникот Св. Климент, упати честитка до Синодот на Македонската православна црква и до сите православни верници.
- Делото на Св. Климент преставува добар пример за тоа како со труд и искрена посветеост се постигнува многу и може да се придонесе кон живот базиран на принципи и вредности. Само со труд, смирение и посветеност може да постигнеме добри дела за нашиот народ и нашата држава. Да бидеме одговорни пред себе и пред Македонија. Да бидеме одговорни пред историјата и пред иднината. Тоа е пат на меѓусебно почитување и постојана работа, наведува Груевски во честитката.
Според него, со почитување на овие принципи, може да одиме напред, да создадеме многу повеќе и да ја развиваме државата.
- Патот на напредокот и остварувањето дела за сите преставува приоритетот во нашата работа, бидејќи тоа им е потребно на граѓаните. Да го следиме Свети Климент и да му служиме на народот на најдобар можен начин и до последниот атом од нашата сила, посочува Груевски.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана
-
Екстрадиран Бесим Красниќи
-
Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето | ВИДЕО
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина
-
Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел
-
Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“
-
Краткотрајно невреме следните денови, со пороен дожд, град и грмежи