Честитка од Груевски по повод Богојавление-Водици
Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска упати честитка до поглаварот на МПЦ- Охридска архиепископија, г.г. Стефан, до свештенство и монаштво, како и до сите православни верници во Република Македонија и дијаспората по повод големиот христијански празник - Богојавление Водици.
- Славењето на Христовото крштевање како една од повеќето свети тајни на Христијанството е еден од најзначајните настани за духовното раѓање и опстојбата на човековото живеење во верата. Богојавление е настан кој просветлува и помага да ја сфатиме постојаната грижа на Бога за човекот. Со осветувањето на водите и објавата на Божјиот лик помеѓу луѓето, се осветли и човековиот живот. Бог ни го покажа патот на покајанието и прочистувањето, патот до почист и успокоен живот. Да го следиме тој пат и со радост да го прославиме големиот празник, наведува во честитката лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Поминатото зад нас и времето пред нас, како што истакнува Груевски, е преполно со предизвици, за чие надминување е потребна мудрост, единство, знаење и посветеност, вредности кои нашите граѓани ги поседуваат и ги споделуваат, и тоа не охрабрува, не прави сите нас посилни во остварувањето на зададените цели.
- Нека Бог ги просветли нашите семејства и нека ја умножи среќата и радоста. Да се почитуваме и помагаме и да останеме луѓе кои времето кое им е дадено од Бога го исполнуваат со вистински вредности и со искрени и благословени дела, вели во честитката Груевски.
Ново на Сител
-
Состојба на патиштата
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен пороен дожд
-
Три лица полесно повредени во собраќајка на патот Струмица-Радовиш
-
Возило излетало од патот Прилеп - Скопје кај кавадаречко Раец
-
Гаши за Сител: Стана традиција Албанец да е претседател на Собрание
-
На 30 јуни непосредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ
-
Бендевска: Преговорите меѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ се во крајна финална фаза
-
Верижен судир кај Долно Косоврасти, повредено лице пренесено во болницата „Свети Еразмо“