Честитка од Џафери по повод 24 мај, Денот на светите браќа Кирил и Методиј
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери упати честитка по повод 24-ти мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.
- Овој државен празник со кој им оддаваме почит на основачите на првата словенска азбука, зазема значајно место во историјата како на македонскиот, така и на словенските народи. Нивните дела и нивната работа се издигнува над самите нив како учители, затоа што тие биле водени од многу повисоки идеали. Преку описменувањето и просветувањето, на народот му помогнале да прогледа и му дале орудие за издигнување над времето, се наведува во честитката.
Мисијата на браќата Кирил и Методиј и нивните заложби, стои во честитката, не потсетуваат дека стремежот на човекот и на човештвото опстојува низ историјата и ја менува само формата, но не и суштината затоа што нивната вистинска борба е за универзални основни човекови права.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи