Честитка на МАЕИ по повод Илинден

По повод денешниот национален празник Илинден, честитка до сите Македонци каде и да се упати единствената македонската партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).
– МАЕИ на сите Македонци каде и да се им го честита големиот национален празник Денот на државноста на Македонија – Илинден! Нека е честит и вековит македонскиот национален празник Илинден, стои во честитката потпишана од претседателот на партијата, Васил Стерјовски.
Се додава дека прославувајќи ги двата Илиндена, 1903 и Првото заседание на АСНОМ 1944 „со гордост се поклонуваме на нашите претци кои ги положија своите животи за слободата на Македонија“.
Честитка по повод Илинден упати и Македонското друштво “Илинден”- Тирана.
– Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија и насекаде во светот, од име на македонско друштво „Илинден” најсрдечно Ви го честитаме Денот на Републиката, втори август и двата историски Илиндена, 119 години од Илинденското востание и 78 години од Првото заседание на АСНОМ. Нека ни е честит националниот празник Илинден и нека е вечна нашата татковина, Македонија, стои во честитката потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.
Се додава дека Илинден е ден кога ги славиме и се присетуваме на голем број револуционери и борци, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ.
Ново на Сител
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
