Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

Во пресрет на утрешниот ревијален натпревар „Легендите на сцена“ во организација на „Спортско радио“, легендарниот хрватски тренер Лино Червар се потсети на деновите кога беше дел од македонскиот ракомет.
-Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина. Многу сум среќен што сум овде и што имам можност да се сретнам со многу лица кои помогнаа да бидам ова што сум денес. Среќен сум што Македонија има Министерство за спорт, а негов прв човек е мојот некогашен играч – Борко Ристовски. Овде се чувствувам како дома. Спортот е единствено нешто кое може да ги спои луѓето. Соперниците стануваат пријатели. Затоа мора да ги учиме децата да практикуваат спорт и да го јакнат тимскиот дух. Така ќе израснат во здрави личности, истакна Червар.
Дел од ракометниот спектакл ќе бидат и поранешните македонски репрезентативци, Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов.
-Ракометот е спорт број 1 во Македонија. Затоа чест е да се биде дел од ваков натпревар на кој ќе учествуваат ракометни ѕвезди, судии, ракометни работници. Очекувам многу забава и дружење, рече Миркуловски.
Слично размислува и Стоилов.
-Среќен сум што ќе се сретнам со многу бивши соиграчи. Очекувам преку дружење и забава да направиме спектакл.
Поранешниот вардарец и двоен освојувач на Лигата на шампионите, Данил Шишкарев се заблагодари на поканата да биде помеѓу легендите.
-Многу време поминав тука. Голема чест ми е што ќе бидам дел од натпреварот. Бев во сала да го следам натпреварот на Вардар со Бутел и тоа кај мене предизвика многу емоции. Се видов со многу пријатели и моите некогашни соиграчи, потенцира Русинот.
Ревијалниот ракометен спектакл ќе почне утревечер од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“.
Екипите ќе бидат предводени од тренерите Ристо Магдинчев, Ѕвонко Шундовски, Лино Червар и Веселин Вујовиќ.
Најавени се да настапат големи ракометни имиња како: Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, Филип Миркуловски, Пепи Манасков, Гоце Георгиевски, Бранко Ангеловски, Аце Станковски, Петар Ангелов-Диви, Раде Стојановиќ, Иван Марковски, Велко Маркоски, Влатко Недановски, Горан Ѓоргоноски, Лазе Мајнов, Александар Царчев, Горан Кузманоски.
Од странците на теренот треба да се појават: Арпад Штербик, Вуко Борозан, Ренато Вугринец, Златко Хорват, Игор Карачиќ, Иван Чупиќ, Жељко Муса, Горан Шпрем, Данил Шишкарев, Жоан Кањелас.
МИА
Ново на Сител
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
