-->
-->
Червар се поблиску до Хрватска, а за Македонија и Металург ?
-->

Лино Червар се враќа на клупата на хрватската репрезентација. Тоа може да се заклучи по денешните преговори во Хрватскиот ракометен сојуз каде Червар кажа дека во целост се сложува со Зоран Гобац, претседателот на сојузот, соопштуваат тамошните медиуми.
Како што стои во информациите, Гобац очекува за десетина дена на официјална прес-конференција да соопшти дека досегашниот селектор на македонската ракометна репрезентација ќе се врати во својата држава и повторно ќе ја преземе селекторската функција.
- Преговорите одат во добра насока и за десет дена ќе имаме прес конференција на која ќе го потврдиме новиот селектор, изјави Гобац по денешниот состанок со македонскиот селектор и тренер на Металург.
Червар изјавил дека му е многу тешко поради статусот кој го има во македонија.
- Морате да ме разберете. Мене ми е најтешко. Се наоѓам меѓу два огна. Не би сакал сега да дава спектакуларни изјави. Тоа не е коректно и не е мој стил. Во Македонија поминав седум години и тоа е моја втора татковина. Посебно во ситуација кога и политичката ситуација многу тешка. Но , се знае од каде сум и кој сум, нагласил Червар.
Хрватскиот стручњак во Металург е тренер од 2009 година, а минатата година ја презема и македонската репрезентација. Селектор на Хрватска беше од 2002 до 2010 година и има освоено злато на Олимписките игри во Атина 2004 година и на Светското првенство во Португалија 2003 година. Од големите натпреварувања има ште по две сребрени и бронзени медали од СП и ЕП.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
-

Фатени двајца малолетници од Скопје кои возеле без возачки
-

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до е-дневникот
-

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција
