Чавков: Случајот „Куманово“ е јасен, јавноста е во тек со сите случувања

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков изјави дека не сака да навлегува во полемики ниту со СДСМ, ниту со други политички партии во врска со случајот „Куманово“. Одговарајќи на новинарски прашања по посета на граничниот премин Табановце рече дека јавноста е во тек со сите случувања за овој случај.
- Има значителен број злонамерени шпекулации со кои се сака да се девалвираат капацитетите на МВР и не само на МВР туку и на останатите институции, истакна Чавков.
Додаде дека веќе се спроведува истрага, се спроведува обвинително-судска постапка, има интензивна комуникација на меѓународно ниво за размена на докази. - Така што не гледам никаков аргумент за тие тези, рече министерот Чавков за кои смета дека се конструкции.
На прашање во врска со пишувањата дека состојбата во Македонија може да ескалира, тој потенцира дека се читаат сите извештаи и дека внимателно се следат сите состојби во државата.
Ризици и индикатори за загрозување на безбедносната состојба, потенцира Чавков, има не само во Македонија туку и во останатите делови од ЕУ и пошироко. Според него, се преземаат максимални оперативни мерки за навремено да се утврдат заканите и ризиците.
- Оперативното ниво останува подигнато со оглед на тоа што е и туристичка сезона. Мислам дека успеавме да ја одржуваме јавната безбедност на соодветно ниво, изјави Чавков.
Ново на Сител
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
