Централна прослава по повод Денот на полицијата - 7 Мај

Во кругот на Министерството за внатрешни работи во Скопје денеска ќе се одржи централна прослава за одбележување на Денот на македонската полиција - 7 Мај.
На настанот обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев.
На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат и министри и други гости, како и претставници на дипломатскиот кор во Македонија.
Активностите продолжуваат попладне во 17.30 часот на паркингот пред Градското собрание каде ќе има презентација на опрема од различни полициски единици и граѓаните ќе имаат можност да се дружат со полициските службеници, а на „Школка“ од 18:00 часот предвиден е музичко-забавен хепенинг со познати музички ѕвезди.
Ново на Сител
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Министрите ќе може да имаат двојно државјанство, предлог законот на СДСМ не помина во Собрание
-

Сиљановска: Не бараме привилегии од ЕУ
-

Опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коалревиќ и Абази одработуваат за СДСМ и ДУИ
-

Поскапуваат горивата од полноќ, попустот од Окта веќе не важи
