Целта на џихадистот во Пловдив била училиште - направил бомба со 14 кг експлозив

По првпат е спречен терористички напад во Бугарија, а цел на малолетниот џихадистот било училиште во Пловдив. – Станува збор за дете – жртва, а не сторител на сериозен криминал. Тоа е лична трагедија, која, за среќа, не е развиена во голем обем,изјави заменикот главен обвинител Иван Гешев во врска со спречениот напад во Пловдив, јави БГНЕС.
– Некои прашања се однесуваат на секој од нас како родител во оваа земја. Овие проблеми мора да се решат и да им се спротивставиме како општество, додаде тој.
Гешов појасни дека во средата добиле дојава, од блиски на 16-годишното момче. Бугарската агенција за безбедност и контраразузнавање ДАНС информира дека станува збор за ученик, кој се радикализирал. Потоа е извршен претрес на две простории кои ги користело детето, кое инаку е ученик во елитна гимназија во Пловдив и е од добро ситуирано семејство. Гешов го оквалификува како „супер интелигентен“.
При претресот пронајдени се подготвени и во изработка експлозивни направи. Една од тие експлозивни направи е како оние кои најчесто се користени во бомбашките напади во САД. Исто така постои и експлозивен уред во процесот на подготовка, т.н. бомби со нокти. Супстанцијата за правење на таква бомба е употребено за некои од нападите во Белгија, Франција и Сарафово.
– Супстанцата што се користише во Сарафово е помеѓу 2 и 3 кг, а сега станува збор за 14,5 килограми од оваа материја, истакна Гешев. Тој уште додаде дека ученикот бил врбуван од терористичката „Исламска држава“.
– На 16-годишно момче треба да му помогнат специјалисти во изолирана средина. Затоа воведовме мерка вчера, не заради кривична одговорност, детето да биде сместено во специјализирана установа, каде со него ќе работат специјалисти, психолози и психијатри, истакна бугарскиот заменик главен обвинител.
Ново на Сител
-

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД
-

ТИТАН Усје тврди дека работи законски
-

Ким Џонг Ун посети градилиште за подморници на нуклеарен погон
-

Ѓорѓиевски: Без ниту еден глас против донесен Буџетот на Град Скопје, следува преродба на градот
-

Министерството за правда ќе формира работна група за Изборниот законик
-

Николоски: Граѓаните да внимаваат и да купуваат стан кој веќе е изграден, а не во градба
-

Мицкоски: Јавноста да биде спокојна, нема да примаме мигранти, немало никакви разговори
-

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки
