Џет-Сет
12. April 2018 - 15:44

Цеца во центарот на аферата со разголените фотографии: Ова е клучен доказ дека станува збор за фотомонтажа

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ неодамна се најде во аферата „лажно голи слики“ каде непознати лица на интернет објавија фотоградии на кои наводно пејачката е гола, а се работи за фотомонтажа, па сега на социјалните мрежи се појави оригиналната фотографија.

Цеца Ражантовиќ, ја наместил непријател кој сака да ја уништи. Имено, станува збор за лице кое од љубомора кон фолк ѕвездата наводно одлучила да и наштети, така што во јавност пласираше фото-монтажа на која се гледа како жена која личи на Цеца лежи на стол за масажа додека машки раце и ги допираат голите гради.

Фолк ѕвездата поднесе кривична пријава против Н.Н. лица кои на социјалните мрежи ја објавија оваа слика.

По неколку недели на Инстаграм се појавија оригиналните фотографии кои се искористени за споменатата малверзација.

„Ја пронајдовме оригиналната фотографија, која е користена за изработка на фотомонтажа, а која ја објавија некои медиуми. Во прашање е фотографија од нејзиниот концерт во Цирих, одржана на 1. декември 2007 година“, пишува во описот на фотографијата.