Царината ги зајакнува контролите со два мобилни скенерa, донација од Германската царина
Царинската управа (ЦУ) ќе се зајакне со уште два подвижни мини скенерa на стока и мал багаж, донација од Царината на Сојузна Република Германија. Тоа, како што велат од ЦУ, ќе придонесе за зајакнување на капацитетите за вршење контрола и сузбивање на криумчарење на разна стока, опојни дроги и прекурзори, како и за подобрување на квалитетот и ефикасноста на инспекциите.
Денеска директорката на ЦУ Славица Кутиров со тимот од управата и заменик-амбасадорот на Сојузна Република Германија, Ото Граф, извршија надзор на опремата која ќе ја користат царинските службеници при контролите на царинските подрачја, но и на целата територија на државата.
-Зајакнувањето на Царинската управа со уште два мобилни скенера ќе овозможи поефикасни контроли на македонската Царина, и ќе помогне да се спречи протокот на недозволена трговија и внес на разна стока во државата, истакна директорката Кутиров.
Заменик-амбасадорот Граф, изрази задоволство што Германија може да придонесе за зајакнување на граничните контроли.
-Сигурни и ефикасни царински контроли се од суштинско значење за безбедно движење на луѓе и стоки. Во таа насока, Германија ги донира овие мобилни скенери. Среќни сме што придонесуваме за обезбедување на ЕУ стандардите во граничните контроли во Република Северна Македонија, потенцира Граф.
Од ЦУ посочуваат дека е значајно што мобилните скенери се лесно преносливи, при што можат да скенираат до 12 возила на час на различни локации.
-Само во две поголеми акции годинава инспекторите од мобилна Царина со помош на мобилни скенери извршија заплена на 62 килограми наркотична дрога, што кажува за придобивките од употребата на овие машини при контролите, истакнуваат од ЦУ.
Ново на Сител
-
Косовскиот парламент не успеа да се конституира нитy по 45-ти пат
-
Куманово објави оглас за работно ангажирање на 30 пожарникари
-
ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола
-
29 надгробни плочи и споменици оштетени во рок од два дена на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кривична за наставничка од беровско која нападнала ученик
-
50-годишен маж пронајден со прострелни рани во Батинци, починал пред прием во болница
-
Лишен од слобода крадец во Куманово
-
Мицкоски: Нашата цел е да ја направиме Македонија земја на можности каде трудот се исплатува