Бушати: Албанија го поддржува дијалогот меѓу Србија и Косово
- Безрезервно го поддржуваме дијалогот меѓу Косово и Србија. Сметаме дека процесот треба да ги нормализира овие односи и да донесе взаемно признавање, рече тој.
- Преку овој процес, неопходно е да се изгради внатрешен консензус во Косово" изјави Бушати за „Јета не Косове“.
Бушати истакна дека Албанија ќе поддржи добро поставена платформа за дијалог и додаде дека Албанија и Косово имаат „меѓусебна комуникација и интеракција", кога станува збор за дијалогот меѓу Косово и Србија, пренесува порталот Приштина инсајт.
- Не е фер од Тирана да се бара да заземе позиција за разговори кои не се претворени во платформа или добро формулирани идеи, рече тој.
Запрашан за идејата за „размена на северниот дел на Митровица за Прешевската долина", Бушати тврди дека тој никогаш не слушнал за идејата за сецесија од територијата.
Ново на Сител
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина
-
Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук
-
Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија
-
Состојба на патиштата