Кошарка
20. April 2022 - 8:47

Букер се повреди на вториот натпревар од плејофот против Њу Орлеанс

 Еден од клучните кошаркари на Феникс санс, Девин Букер, не успеа да го заврши вториот натпревар (114:125) од осминафиналето на плејофот во НБА против Њу Орлеанс.

Дваесет и петгодишниот Американец на натпреварот одигран утринава се здоби со повреда на тетивата на десната нога. Тој го напушти теренот на 4 минути 35 секунди пред крајот на третата четвртина. Букер до крајот на мечот не се врати во игра.

До повредата, Букер постигна 31 поен, реализирајќи 12 од 19 обиди од поле, вклучувајќи 7 од 11 шутеви за тројка.

Резултатот во серијата прв до четири е 1:1 Третиот натпревар ќе се одигра на 23 април на теренот на Њу Ореланс.