Бугарско МНР: Бугарија нема нови услови за Република Северна Македонија

Бугарија нема нови услови за Република Северна Македонија, стои во ставот на Министерството за надворешни работи на Бугарија во однос на прашања на медиуми за, како што се наведува, европскиот компромис постигнат во 2022 година за европскиот пат на Република Северна Македонија.
-Бугарија нема нови услови кон Република Северна Македонија. Напротив, таа искрено сака да го види својот сосед како напредува кон полноправно членство, преку успеси во реформскиот процес и напорите за градење добрососедски односи. Го очекуваме првиот чекор во овој процес, согласно обврските потпишани од Скопје во јули 2022 година – …стапување во сила на измените на Уставот на Северна Македонија за граѓаните кои живеат на територијата на оваа земја и се дел од други народи, како што е бугарскиот народ, според внатрешните процедури, се вели во соопштението на бугарското МНР.
Како што наведува Министерството, основен принцип на меѓународното право е Pacta sunt servanda и договорите мора да се спроведуваат, без разлика дали се мултилатерални или билатерални.
-Неспроведувањето на потпишаните договори ја поткопува довербата, конзистентноста и предвидливоста во односите меѓу државите и предизвикува одмазда. Отсекогаш очекувавме од нашите пријатели во Северна Македонија совесно исполнување на сите преземени обврски, а не обиди да се толкува дали процесот на европска интеграција бара нивно исполнување, стои во соопштението.
Патот на Северна Македонија кон членството во ЕУ, додава Министерството, има јасно дефинирани параметри.
-Неодговорно и контрапродуктивно е да се нарушува тешката и деликатна рамнотежа со несоодветни и тенденциозни толкувања кои отстапуваат од критериумите јасно утврдени од Советот на ЕУ за оваа работа. Посебно опасни се обидите за манипулативно прикажување на веќе договорените и опишани во компромисот од 2022 година како некои нови барања на Република Бугарија, коментираат од МНР.
Преговарачката рамка, која според одлуката на Советот на ЕУ ќе и биде предадена на Северна Македонија по завршувањето на фазата на отворање на преговорите, како што наведува Министерството, експлицитно ги утврдува принципите што ќе ги дефинираат преговорите за членство. Во соопштението натаму се додава дека „институциите во Северна Македонија допрва треба да ја докажат сериозноста со која ќе ги гонат злосторствата од омраза врз Бугарите во соседната земја“.
Ново на Сител
-

Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај
-

Од крајот на јуни стартува меѓуградскиот воз Прилеп-Битола, наскоро и карго сообраќајот
-

Зеленски: Русите лансираа повеќе од 2.300 дронови кон Украина
-

Трамп: Брзањето во преговорите со Иран би можело да ги поткопа шансите за постигнување поволен договор
-

Дебранец возел без возачка, со 2,73 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
-

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет
-

Приведен жител на Росоман поради закани кон градоначалникот на социјални мрежи
-

До петок променливо облачно со услови за локален пороен дожд
