Бугарските медиуми го објавија претпоставениот состав на новата влада
Бугарското национално радио и електронското софиско издание „Сега” соопштија дека победникот на парламентарните избори во земјата „Промените продолжуваат” ќе има 10 министерски места во новата бугарска Влада, меѓу кои премиерот Кирил Петков и двајца вицепремиери, Асен Василев кој ќе биде министер за финансии, и Калина Константинова за административна реформа.
Се очекува БСП да ги добие и министерствата за земјоделство, туризам и социјална политика. Партијата на Слави Трифинов – „Има таков народ” би ги добила Министерството за надворешни работи на чело со Димитар Гардев, кој е поранешен дипломат и шеф на партискиот меѓународен секретаријат, како и за енергетика, спорт и регионален развој со кое ќе раководи поранешниот пратеник Гроздан Караџов. Партијата „Има таков народ” досега се уште не дала согласност да има вицепремиер во новата бугарска Влада.
„Демократска Бугарија” ќе ги добие Министерството за правда, со кое ќе раководи Надежда Јорданова, за е-Влада и дигитализација преку Божидар Бојанов и за екологија, во кое министерот Борислав Сандов ќе биде и вицепремиер за климатски промени.
Формулата за распределба на квотите на министерствата во идната бугарска Влада во моментов се очекува да биде 10-4-4-3.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи