Бугарската техничка Влада го одобри меморандумот за соработка меѓу Министерствата за земјоделство на Северна Македонија и Бугарија
Бугарската Влада го одобри нацрт меморандумот за разбирање помеѓу Министерството за земјоделство, храна и шумарство на Република Бугарија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија за соработка во областа на земјоделството, земјоделските науки, руралните области и шумарството.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, документот е основа за продлабочување на соработката меѓу двете министерства преку размена на научни и технички информации, пренесување на експертиза, споделување на добри практики и развој и имплементација на заеднички истражувачки програми.
Бугарија и Северна Македонија, исто така, ќе соработуваат во области како што се органското производство и преработката на органски земјоделски производи, биотехнологии во растително и добиточно производство, селекција и размножување во сточарствотото, како и прекугранична соработка во руралните области.
Ново на Сител
-
Алонсо по победата над Рома: Сè беше прилично јасно, навистина настапивме на високо ниво
-
Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево
-
Најстудено на Попова Шапка и во Лазарополе, најмногу дожд во Виница
-
100 санкционирани возачи во Скопје
-
Велипеток - најтешкиот ден во годината
-
Избори во САД 2024: Кои се мега-богатите донатори кои го поддржуваат Трамп?
-
Повеќе од 30 лица го загубија животот во поплави во Бразил, 60 лица се водат како исчезнати
-
Турција ги прекина трговските односи со Израел