Бугарската министерка за правда поднесе оставка, купила стан под пазарната цена
Бугарската министерка за правда Цецка Цачева денеска поднесе оставка откако медиумите објавија дека таа и уште тројца функционери од владејачката партија на десен центар ГЕРБ купиле луксузни станови под пазарната цена.
Утрово, премиерот Бојко Борисов ја прифати нејзината оставка.
Оставка денеска поднесе и заменичката на министерот за спорт Вања Колева, додека Цветан Цветанов, шеф на пратеничката група на ГЕРБ тврди дека нема ништо спорно при купувањето на станот.
Аферата изби кон почетокот на неделата, кога бугарската редакција на Радио Слободна Европа и една невладина организација за борба против корупција објавија дека функционерите минатото лето купиле луксузни станови во Софија под пазарната цена.
Цачева велеше дека не сторила ништо погрешно и побара антокорупциската комисија да го испита случајот. Вчера, антокорупциската комисија покрена истрага за становите кои се купени од иста градежна фирма.
Ново на Сител
-
Регистриран земјотрес во Охрид и околината
-
Оштетена амбасадата на САД во иранскиот напад врз Тел Авив
-
Повеќе од 40 000 странци „заглавени“ во Израел, евакуација чекаат и 22 македонски државјани
-
Во израелските напади врз Иран убиени најмалку 224 лица
-
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за Путин како посредник во мирот
-
Скопје домаќин на форум за енергетската транзиција на Западен Балкан - МЕФ25
-
Почнува Петровденскиот (Апостолски) пост
-
Трамп се надева дека Израел и Иран ќе постигнат договор