Бугарите повеќе патувале во Македонија, но и Македонците во Бугарија

Зголемен е бројот на патувањата на бугарските државјани во Македонија и на Македонците во Бугарија, покажуваат податоците на бугарските статистички служби. Годинава е евидентиран раст од 41,8 проценти на посетите на Бугарите во Македонија. Бројот на Македонците, пак, кои ја посетиле Бугарија во 2015 бил поголем за 16,3 отсто.
Најголем број од бугарските туристи доаѓале во Македонија на гости и заради посета на културни знаменитости и спортски настани. Граѓаните на Македонија најчесто паувале во Бугарија на одмор и екскурзии.
По Македонија, бугарските граѓани најмногу патувале во Обединетото кралство каде има раст од 36,6 проценти, Италија 16,7 проценти, Шпанија 16,4 проценти, Грција 16,2 проценти, Германија 15,6 проценти, Австрија 11,8 проценти, Романија за 7,9 проценти, Турција 6,8 проценти... Намалување има на патувањата кон Франција за 28,7 проценти и кон Руската Федерација за 27,6 проценти.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
