Бугарија ќе изгради два магистрални патишта кон Македонија и Турција

За време на сослушувањето на министерот за регионален развој и јавни работи на Бугарија Гроздан Караџов во парламентарна комисија, беше соопштено дека Бугарија ќе изгради два магистрални патишта од Бургас до Мало Трново до турската граница, а вториот – од границата кај Ѓуешево, Ќустендил до Дупница.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, вториот магистрален пат, како што се планира, е од границата со Северна Македонија преку граничниот премин кај Ѓуешево во Ќустендил до Дупница, каде што ќе се направи врска со магистралата Струма.
Караџов не можеше да ги коментира роковите за подготвувањето на идејниот проект и другата основна документација бидејќи работата за делницата е почната од скоро, со активизирањето на односите со Северна Македонија.
Според него, ќе се изгради нов магистрален пат, а постоечкиот пат, кој минува низ многу населени места, ќе остане алтернативен.
Ново на Сител
-

Граѓаните се подготвуваат за најлудата ноќ, програма ќе има и на Плоштад Македонија
-

АХВ казни 60 оператори кои продавале расипана храна и месо
-

Кои коруптивни скандали ја одбележаа 2025 година?
-

Антикорупциска одлучи: Идната година ќе го проверува имотот на 60 високи функционери
-

Нов Закон за јавно обвинителство денеска на владина седница
-

Власта и опозицијата продолжуваат со меѓусебни обвинувања за лицемерие, луксуз и криминал
-

Со 21 милион евра заем од ЕБОР државата ќе купува пет електрични локомотиви
-

Мирослав Илиевски од Крива Паланка е добитник на автомобил од наградната игра на „Рамстор”
