Буџетот на општина Струмица се полни и реализира според планираната динамика

Во првите шест месеци во буџетот на општина Струмца се инкасирани над 448 милиони денари, односно вкупно 37 отсто од планираните една милјарда и 212 милиони денари.
Ова го соопштија од општината и при тоа потенцираа дека во споредба со изминативе години динамиката на полнење на буџетот и трошењето на средствата е иста.
Основниот буџет на општината е реализиран со 32 отсто, наменските донации 49 проценти, самофинансирачките активности се реализирани со 19 проценти, а исто толкава е и реализиацијата на донациите.
Вкупните расходи се реализирани со 35 отсто во однос на планираните за 2018 година и при тоа вкупните оперативни расходи се реализирани со 42 проценти, а вкупните капитални расходи со 19 проценти.
Во реализираните расходи од основниот буџет со вкупен износ од над 171, 5 милиони, 22 отсто се потрошени за плати, додека останатите 78 отсто се потрошени за потребите на граѓаните како јавни расходи проектирани по буџетски програми.
Ново на Сител
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
-

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за малолетничките кои малтретираа 13 годишно девојче во Ѓорче
-

Сејф Сити во секој град до крајот на годината
