Буџетот на Општина Гевгелија остварен во висина од 103,7 милиони денари

Од почетокот на процесот на децентрализација во првите шест месеци од оваа година е забележано најголемото остварување на основниот буџет во историјата на општина Гевгелија, во висина од 103,7 милиони денари.
Ова го истакна градоначалникот Иван Франгов во своето обраќање за извршувањето на буџетот во вториот квартал од оваа година кој беше изгласан на синоќешната седница на Советот на општина Гевгелија.
Според Франгов, ова е само доказ дека општина Гевгелија има системски решенија за остварување на буџетот, но и за намалување на ненамирените обврски на општината.
- Во исто време ги намаливме ненамирените обврски на општината од 98 милиони денари во првиот квартал,на 48 милиони денари во вториот квартал од оваа година.Тоа е намалување на општинските обврски за цели 50 милиони денари со изразена тенденција за натамошно намалување до нивно целосно исплаќање,рече гевгеликиот градоначалник Иван Франгов.
Ново на Сител
-

Осомничените за проневери во ФФМ на распит во суд, обвинителството бара притвор
-

Анкета: Граѓаните оптимисти дека Македонија во следните пет години ќе влезе во Европска Унија
-

Германските туристи најбројни
-

ЛС-Штип со стипендии за младите спортски таленти
-

Преглед на вестите од светот
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
