-->
-->
Буце: Не можат да му помогнат, има само година ипол и 32 килограми!
-->

Синот на семејството Бекте по име Јагиз, од северниот турски град Самсун, иако има само 18 месеци, поради недостаток на хормонот лептин достигна тежина од 32 килограми.
Лептинот е протеински хормон кој е многу важен регулатор за одржување на метаболизмот и телесната тежина, а го создаваат масните келии во телото. Недостатокот на лептин влијае на покачената желба за храна и забавување на метаболизмот.
Сопружниците Седат и Севда Бекте забележале дека синот брзо се здебелувал уште додека имал само 5 месеци, па се консултирале со лекар. По прегледот е констатирано дека има недостаток од хормонот лептин.
Јагиз денеска има 1,5 години и 32 килограми. Семејството пронајде лек кој може да помогне во регулација на неговата телесна тежина, но не се во можност да го купат зошто станува збор за многу скап лек (една кутија чини 3.000 евра) и не го покрива здравственото осигурување. Побарале и помош од државните институции.
Мајката на ова дете вели дека освен што не можат да го купат лекот, имаат проблем и со пронаоѓање на соодветна облека и пелени. „Моето дете сака да јаде, а јас немам сили во тоа да го спречам“, вели таа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче не попушта ни по лидерската, инсистира на техничка влада
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува








