-->
-->
Брутална пресметка на Делии и Бед Блу Бојс на аеродром во Атина
-->
Дуелот на Олимпијакос и Динамо во Атина сепак го одбележа голема физичка пресметка помеѓу навивачите на Црвена Звезда и Динамо Загреб. Како што пишуваат тамошните медиуми Делии ги начекале навивачите на Динамо на аеродромот. Според првите информации, шест лица завршиле во болница, две лица се во тешка состојба а дури 40 лица се упасени.Неколку дена пред натпреварот полицијата интервенирала неколку пати, а упасени се и 100-тина навивачи на двата клуба.
На снимката неможе да се утврди кој кого напаѓа, односно кој на која навиваччка група припаѓа, но како што пишуваат медиумите повредените лица се навивачи на Динамо Загреб. 30-тина од нив пристигнале на аеродромот кога таму веќе имало околу 60 навивачи на Црвена Звезда.
Инаку навивачите на Црвена Звезда се збратимени со навивачите на Олимпијакос, па поради таа причина на вчерашниот натпревар присуствувале повеќе од 300 навивачи на белградските црвено-бели.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Израел тврди дека го убил командантот на морнарицата на иранската Револуционерна гарда
-

Андоновски: Системот за електронско управување со документи не бил тестиран за безбедносни слабости, направени се тестирања и надминати се сите недостатоци
-

Трамп: Иран врз базата Диего Гарсија лансира ракета која „наводно ја нема“
-

Николоски: Блокираните ДУП-ови се причина за 2.500 евра квадрат во Скопје и 4.000 евра во Охрид
-

Мицкоски: И во услови на историски најголема криза со енергентите, платите растат, дефицитот и инфлацијата се намалуваат
-

Путин: Последиците од војната во Иран би можеле да бидат како последиците од пандемијата
-

Иран го отфрли американскиот мировен предлог како „едностран и неправеден“
-

Лука Кипровски влегува во WAKO PRO водите – дуел со шампионот Кликавац во Црна Гора
