Бројот загинати во земјотресите во Венецуела надмина шест илјади

Бројот загинати во двојните земјотреси што ја погодија Венецуела кон крајот на јуни се искачи на повеќе од шест илјади.
Според најновите податоци на претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез, досега се потврдени 6.125 жртви.
Се очекува бројот на загинати дополнително да расте, бидејќи според неофицијални проценки меѓу 17.000 и 29.500 лица се уште се водат како исчезнати.
Родригез изјави дека расчистувањето на урнатините продолжува. Досега се отстранети речиси 350 илјади тони шут, што претставува околу 16,5 проценти од вкупно проценетите 2,1 милион тони колку што се проценките на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Земјотресите со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени ја погодија Венецуела на 24 јуни, предизвикувајќи огромни материјални штети и прогласување вонредна состојба во земјата.
МИА
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
