Брнабиќ: Пристигнаа пола милион вакцини на Синофарм, досега вакцинирани 34 отсто полнолетни граѓани
Денес во Белград пристигнаа 500.000 дози на кинеската вакцина „Синофарм“ кои ги дочека премиерката Ана Брнабиќ, јави дописникот на МИА од Белград.
Брнабиќ изјави дека до денес во Србија пристигнале вкупно над 4,5 милиони дози вакцини против коронавирус и дека речиси 1.950.000 граќани или околу 34 отсто полнелетни граѓани се вакцинирани со една доза.
-Со оваа испорака од пола милион дози дојдовме до бројката од три милиони дози вакцини кои „Синофарм“ги има доставно во Србија. Ова ни овозможи да имаме масовна имунизација во Србија, изјави таа, додавајќи дека планот е до крајот на април да се вакцинираат над 37 отсто полнлетни граѓани на Србија.
Таа ги повика граѓаните да не им веруваат на „лажните вести и на антиваксерите„ и најави дека за „победа” над епидемијата е потребно да се вакцинираат над 57 отсто полнолетни граѓани на Србија.
Брнабиќ кажа дека во Србија се прават студии за давање на евентуалната трета доза на кинеската вакцина „Синофарм“, како и дека се следат студиите во светот, по што ќе се постапи според овие истражувачки наоди и да Србија за ова прашање ќе биде „најконзервативна”.
Ново на Сител
-
Не е почнато навреме гласање на едно место во Тетово поради апаратот за идентификација
-
Русија утринава почнала масовен ракетен и напад со дронови врз Украина
-
ЛШ: ПСЖ ја пречекува Борусија и се надева на второ финале
-
„АстраЗенека“ ја повлекува од пазарот во ЕУ својата вакцина против Ковид-19, неколку месеци по признавањето за нуспојави
-
Одложено судењето на Трамп за тајните документи, датум за продолжување на процесот не е утврден
-
Двојните избори ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, акредитирани за известување се и 83 странски новинари
-
Упатство за гласање
-
Отворени избирачките места