Брнабиќ: Хрватска покажа дека е отворено непријателска кон Србија
Мандатарката за состав на новата српска влада, Ана Брнабиќ денеска изјави дека Хрватска со барањето да спречи увоз на руска нафта преку Јанаф покажа дека е „отворено непријателска“ кон Србија, јави српската новинска агенција Бета.
– Единствениот нафтовод на кој сме поврзани, за жал, минува низ Хрватска. Таа покажа дека е небезбеден партнер, небезбеден снабдувач и дека ја користи енергијата за политички цели, изјави Брнабиќ за ТВ Прва, нагласувајќи дека Србија платила за користење на тој гасовод.
На прашањето дали Србија ќе мора да ја преземе сопственоста на Нафтената индустрија на Србија (НИС), како што се шпекулираше, таа рече дека и денеска се шпекулира.
– Тоа е една од отворените опции, но засега таквото сценарио не се оствари бидејќи НИС во моментов нема проблем, посочи Брнабиќ.
Одговарајќи дали ќе има последици доколку не се воведат санкции кон Русија, таа посочи дека Србија е во „специфична ситуација“ бидејќи била жртва на агресија и заземање на дел од државата и дека би било цинично и неправедно ако нема разбирање за таа позиција.
– Немаме закани, има притисоци, засега прилично добро се справуваме. Успеавме да бидеме единствената земја на европскиот континент што не воведе санкции кон Русија, успеавме, наведе Брнабиќ.
Таа посочи дека „Србија не се откажува од својот европски пат, таа е нашата природна средина и покрај проблемите што ги има“.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари