Брижит Бардо ќе биде погребана покрај море

Француската филмска икона Брижит Бардо, која почина во неделата на 91-годишна возраст, ќе биде погребана на крајбрежните гробишта во одморалиштето Сен Тропе на француската ривиера. Погребот ќе се одржи на 7 јануари во црквата Нотр Дам де л’Асомпсион во Сен Тропе, објави „БФМ ТВ“ (BFM TV).
Бардо, ѕвездата на Франција од 1950-тите и 60-тите, со години живееше во одморалиштето каде што, како што вели, наоѓала утеха меѓу животните и го посветила својот живот на нивната благосостојба. Филип Волмие – жител на Сен Тропе, жали по својата сосетка и пријателка.
– Беше прекрасна, нема други зборови. Навистина ќе ни недостига, изјави Волмие кој ја познавал 30 години и многупати ја видел како ги шета своите кучиња по плажата. – Падна еднаш во водата со своето куче. Морав да ја извлекувам. Беше пријателка која многу им помагаше на луѓето.
Претседателот Емануел Макрон во неделата изјави дека Бардо е отелотворување на „животот на слобода“.
Таа живеела сама во одморалиштето поголемиот дел од својот живот, опкружена со разни животни, како што се мачки, кучиња, коњи… Таа за францускиот неделник „Париз меч“ во една пригода изјави дека сака да биде погребана во својата градина. Сепак, тамошните власти соопштија дека не добиле никакви барања за приватен погреб.
МИА
Ново на Сител
-

Синдикалната кошница над 70.000 денари, Ристески: најголем дел од населението зема плата околу просечната
-

Кривична против Јани Макрадули – Штета во Пошта од близу 11 милиони денари
-

Нови 100 амбулантни возила за цела Македонија
-

Нова понуда за професионалните војници – До пензија да останат во АРМ
-

Oдложено рочиштето за Државна лотарија поради отсуство на сведокот на обвинителството
-

Правосуден испит на македонски јазик
-

Обвинителите бараат итна одлука од Уставен за намалените плати
-

ССК со предлог - Плаќање по саатнина за поголема продуктивност на работниците
