Британскиот Врховен суд дозволи Шкотска и Велс да се вклучат во расправата за Брегзит

Британскиот Врховен суд соопшти денеска дека им дозволил на високи правни претставници на Шкотска и Велс да може да се вклучат во расправата околу Брегзит, исто како што тоа ќе го има и владата во Лондон, која покрена спор пред судот.
Шкотските и велшките претставници ќе зборуваат за сувереноста на британскиот Парламент и владеењето на законите во врска со отворањето на процесот на Брегзит и раздружувањето на Британија и ЕУ.
Сесијата пред Врховниот суд се одржува по жалбата на владата на премиерот Тереза Меј, незадоволна од пресудата на Вишиот суд во Лондон, според која процесот на Брегзит не може да се покрене без дебата и согласност на Парламентот.
Ваквата одлука на Вишиот суд беше остро критикувана од владата иод Меј, додека антиевропските весници, блиски до конзервативците ги обвинија судиите на овој суд дека не ја почитуваат вољата на народот на референдумот. Според нивното толкување, сега само владата има мандат да го спроведе Брегзит.
Даунинг стрит 10 денеска одби да ја коментира одлуката на Врхвниот суд за согласноста во расправата во жалбената постапка да се вклучат и Шкотска и Велс.
Портпаролот на владата само рече дека „право на Врховниот суд е кого ќе повика на расправата“, но инсистирал дека владата останува на својата првична позиција за пресудата на Вишиот суд.
Жалбената постапка треба да почне на 5 декември и треба да трае четири денови. Одлуката на овој суд се очекува да биде соопштена околу Нова година.
Согласноста на Врховниот суд за Шкотска и Велс доаѓа истовремено со изјавата на Тереза Меј во Берлин за тоа дека владата останува подготвена, процесот на Брегзит да почне до крајот на март идната година.
Медиумите во Лондон открија длабока поделеност во владата околу основите врз кои би се одвивале преговорите со Брисел, како дилеми дека за тоа на министрите ќе им бидат потребни уште шест месеци.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
