Британски лекар: Децата инфицирани со Омикрон страдаат од невообичаен осип
Децата заразени со варијантата на коронавирус Омикрон може да добијат „невообичаен“ и агресивен осип“, изјави британскиот лекар Дејвид Лојд за Скај њуз.
Како што забележа лекарот, постојат одредени разлики во симптомите на децата инфицирани со Омикрон во споредба со возрасните. „Симптомите како што се замор, главоболки и губење на апетит изгледаат доста важни, како и осипите“, рече тој.
Лојд нагласи дека мала група пациенти со Ковид-19 отсекогаш имале осип, но потенцираше дека „до 15 отсто од децата со Омикрон имаат необичен осип“.
Докторот додаде дека лекарите постепено учат повеќе за оваа варијанта на вирусот. „Да се надеваме дека Омикрон не е толку смртоносен како Делта и дека ќе можеме да се справиме со него. Но, да, времињата се загрижувачки, рече тој.
Ново на Сител
-
Ги тепал сопругата и ќерката, уапсен охриѓанец
-
Димовски: Им се извинуваме на граѓаните, но ќе продолжиме и со други форми на синдикален притисок
-
САД најавија нови санкции насочени кон руската одбранбена индустрија
-
Катар ќе биде домаќин на индиректни разговори меѓу Иран и САД за обновување на нуклеарниот договор од 2015 година
-
ССМ со улични блокади го продолжи генералниот штрајк
-
Речиси 60 отсто од Бугарите сметаат дека „францускиот предлог“ не ги зема предвид интересите на Бугарија
-
Левица: Наместо земјоделците и граѓаните МЗШВ ги штити трговците
-
Петков поднесе оставка