Британија петта земја во светот со повеќе од три милиони заразени
Речиси 60.000 нови случаи на Ковид-19 беа пријавени вчера во Велика Британија, со што вкупниот број заразени во земјата достигна над три милиони. Велика Британија е петта земја во светот со повеќе од три милиони луѓе заразени со вирусот.
Соединетите Американски Држави се на прво место, а по нив следат Индија, Бразил и Русија. Повеќе од 50.000 нови случаи се регистрирани во Велика Британија дванаесетти ден по ред, вклучително и рекордните 68.000 регистрирани на 8 јануари.
Вчера беше пријавен малку помал број на смртни случаи предизвикани од коронавирусот – 1.035, во споредба со 1.325 смртни случаи во петокот.
Вкупно 80.868 лица починаа од почетокот на пандемијата во Велика Британија. Вакцинацијата започна на 8 декември, а досега повеќе од 1,5 милиони луѓе ја примиле првата доза на вакцината.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови