Британците тврдат дека имаат лек кој делува против Омикрон
Британскиот производител на лекови „Глаксо Смит Клајн“ (Glaxo Smith Kline) соопшти дека неговиот лек Сотровимаб односно терапија против Ковид-19 заснована на антитела, на која работат со партнер од САД, Вир Биотехнологија (Vir Biotechnology), е ефикасна против сите мутации во новата варијанта на коронавирус – Омикрон, истакнувајќи дека станува збор за најнови податоци од студија во рана фаза.
Резултатите од студијата, кои допрва треба да бидат разгледани и објавени во рецензирани медицински списанија, сугерираат дека третманот со Сотровимаб е ефикасен против сите 37 мутации досега идентификувани на шилестиот протеин, се вели во изјавата на „Глаксо Смит Клајн“.
Друг претклинички резултат од истражување спроведено минатата недела покажа дека лекот делува против клучните мутации во варијантата Омикрон.
Сотровимаб беше дизајниран да се врзува за шилестиот протеин на површината на коронавирусот, но беше откриено дека Омикрон има невообичаено голем број мутации во тој протеин.
Коронавирусот предизвикува инфекција со помош на протеинот на неговата површина или шилестиот протеин со чија помош се врзува и влегува во клетките на телото и предизвикува болест. Затоа, повеќето вакцини се развиени на начин што го таргетира шилестиот протеин па вакцината во телото предизвикува производство на антитела и Т-клетки кои се насочени против шилестиот протеин и го спречуваат навлегувањето на коронавирусот во клетките на домаќинот.
– Овие претклинички резултати од истражувањето укажуваат на тоа дека нашето моноклонално антитело може да биде ефикасно против најновата варијанта, Омикрон, но и против сите други варијанти кои досега ги дефинираше СЗО, изјави главниот научен директор на ГСК, Хал Барон.
Глаксо Смит Клајн и Вир Биотехнологија создадоа таканаречени псевдовируси кои содржат значајни мутации на коронавирус во сите сомнителни варијанти што се појавија досега, и спроведоа лабораториски тестови за нивната реакција на лекување со Сотровимаб.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево