Бизнис
19. March 2026 - 9:57

Брент над 116 долари: Скок на цената на нафтата по напади во Блискиот Исток

Цената на суровата нафта „Брент“ нагло порасна и ја надмина границата од 116 долари за барел, по извршените напади врз рафинерии и гасни постројки во регионот на Блискиот Исток.

Информациите за оштетувања на клучни енергетски капацитети предизвикаа вознемиреност на глобалните пазари, со стравувања дека може да дојде до нарушување на снабдувањето со нафта и гас. 

Аналитичарите предупредуваат дека доколку тензиите продолжат да ескалираат, можно е дополнително зголемување на цените, што ќе има директно влијание врз горивата и инфлацијата ширум светот.