Бразилката Бади Асад и „пицика таранта“ за крај на 15. Оффест

Со концерти на бразилската гитаристка и пејачка Бади Асад и италијанскиот традиционален состав „Канционере греканико Салентино“ вечер завршува јубилејниот 15. Оффест.
Асад, позната по својот „авантуризам“, ја комбинира виртуозноста на инструменталната изведба со специфична вокална техника на говорна и пеана лирика, перкусии и ефекти. Нејзиниот пристап кон музиката е умешна мешавина на временска двосмисленост и уникатна емоционална прецизност.
За „Канционере греканико Салентино“ е специфичен ритмички моќниот транс-фолк стил „пицика таранта“, кој потекнува од Саленто и со векови имал исцелувачка улога. Иако се мала група составена од виолина, дајре, мала хармоника и вокали, ЦГС музицираат „до лудило“, создаваат див спектакл, полн со енергија, страст и неверојатен танц, ширејќи ги ритмите на Пуља.
Претходните денови публиката имаше можност да ужива во настапите на неповторливиот Пет Томас и неговиот „Квашибу ареа бенд“, ја слушна музиката на поетот, рапер и хип-хоп изведувач Саул Вилијамс, како и на енергичните Португалци од „Батида“.
Фестивалот почна во петокот, со соло-концерт на чешката пејачка и виолинистка Ива Битова по која гостуваа и Сен Жермен. За време на сите денови, во галеријата на Младинскиот културен центар е поставена и мултимедијална изложба за сите гостувања во изминатите 14 изданија на Оффест.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
-

Дете од година и пол нападнато и искасано од куче во Шуто Оризари
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
-

Ахмети: Јас побарав Груби да се врати и да се соочи со одговорност
