-->
-->
Браун постави клупски рекорд во Бостон
-->
Кошаркарот на Бостон, Џејлен Браун стана првиот играч во историјата на Селтикс кој постигнал 40 поени на натпревар со стапка на реализација од 85 проценти или повеќе.
Тој ноќеска во победата над Лос Анџелес лејкерс (121:113) реализира 40 поени погодувајќи 17 од 20 удари од поле.
Браун одигра 32 минути и покрај 40 поени, забележа девет скока и три асистенции.
За Бостон ова беше петта победа во низа или вкупно 30 по 56 одиграни натпревари во регуларниот дел од НБА-лигата за 4. место во Источната конференција.
ЛА лејкерс се петти на Запад со ефект 34 победи и 22 пораза.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена