Брачна двојка лекари подготвува тужба против британската Влада
Брачна двојка лекари подготвува тужба против Владата на Велика Британија поради препораките за употреба на опрема за лична заштита во болниците за време на епидемијата на коронавирусот, соопшти денеска адвокатската фирма Биндманс.
Брачната двојка лекари, кои чекаат бебе, работеле со пациенти болни од Ковид-19 и сега стравуваат дека важечките мерки за употреба на лична заштитна опрема, како и достапноста на оваа опрема не се адекватни на степенот на ризик со кој се соочуваат тие и нивните колеги во здравството.
– Загрижени сме поради се поголемиот број болни и починати медицински работници. Должност на Владата е да им пружи заштита. Медицинскиот персонал е многу загрижен поради безбедносните протоколи и процедури кои се менуваат без видливи причини и потреба, образложија сопружниците во нивната официјална изјава.
Ново на Сител
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции