Божикни концерти на Филхармонијата и на хорот „Злата Мегленска“
Македонската филхармонија денеска напладне во Македонскиот народен театар ќе изведе Божикен концерт, под диригентство на Саша Николовски-Ѓумар.
Оркестарот ќе отсвири дел од најубавите композиции на руската класична музика - свитата „Оревокршачка“ од Чајковски, „Половецки танци“ од операта „Кнез Игор“ од Бородин, Интермецо од балетот „Рајмонда“ од Глазунов, „Валс - фантазија“ од Глинка и „Големата порта на Киев“ од „Слики од изложба“ од Мусоргски.
Филхармонијата најави дека по концертот за Божик ќе ја продолжи концертната сезона со атрактивна програма.
Божикен концерт „10 години Божик - слава“ вечер традиционално ќе одржи и Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“. Концертот ќе се одржи во црквата „Пресвета Богородица“ во Скопје, со почеток во 19.30 часот.
Ново на Сител
-
Бекер по петти пат ќе стане татко
-
Монтела останува турски селектор до 2028
-
Аспиликуета го напушти Атлетико Мадрид
-
Последен Вимблдон за Квитова во кариерата
-
Во Пустец почнува јубилејното 20- то издание на фестивалот „Македонско културно лето"
-
24 години од загинувањето на војникот Блашко Толев на Тетовско кале, за време на војната во 2001 година
-
Три автобуси и едно комбе изгореа во пожар во Кочани
-
Трамп ќе го посети „Алигаторскиот Алкатраз“ - центар за притвор на мигранти во Флорида