Божиќна ѕвезда – украс за новогодишните и божиќните празници

Голем број семејства за новогодишните и божиќните празници домот освен со китење на елката го украсуваат и со цвеќето Божиќна ѕвезда, кое цвета во периодот околу Божик.
Цветовите на Божиќната ѕвезда, всушност не се вистински цветови, туку се листови на растението, кои можат да бидат во најразлични бои: црвена, жолта, портокалова, бела и крем. Вистинските цветови се многу мали и незабележителни и имаат зелена или жолта боја, а се во форма на бобици.
Името Божиќна ѕвезда ова цвеќе го добило, бидејќи листовите му се во облик на ѕвезда. Цвета за Божик, а ја симболизира ѕвездата која на тројцата мудреци им го покажала патот до Исус.
Постојат и други легенди за Божиќната ѕвезда. Според една стара мексиканска легенда, првата Божиќна ѕвезда настанала од молитвите на девојчето Марија и нејзиното братче Пабло. Тие потекнувале од сиромашно семејство и немале пари да купат подарок за малиот Исус. На Бадник кога оделе кон црквата набрале полски билки наместо подарок. Кога ги ставиле билките околу колевката на Исус, нивните зелени листови станале сјајно црвени цветови.
Според друга легенда пак, убавината на ова цвеќе се должи на некоја астечка божица, на која поради несреќната љубов и се распарчило срцето. Од капките на нејзината крв израснал огнен цвет со црвена боја опкружен со зелени ливчиња.
Божиќната ѕвезда е совршена за подарок, а со своите прекрасни цветови го разубавува секој простор за време на празниците.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
