Борисов: ГЕРБ одлучи да го врати мандатот за формирање нова бугарска Влада
Бугарскиот премиер во оставка, Бојко Борисов, во раните утрински часови оддржа изненадувачки говор од неговиот дом во Банки, во друштво на кандидатот за премиер на коалицијата ГЕРБ-СДС, Даниел Митов, Цвета Карајанчева, претседателка на парламентарната група Десислава Јатанка Атанаскова и градоначалничката на Софија, Јорданка Фандаков.
Според Дописникот на МИА од Софија, тој побара од раководството на ГЕРБ да му го врати мандатот за формирање нова бугарска Влада на претседателот Румен Радев.
-Информирајте го претседателството дека е ова одлука на Извршниот комитет. Одете, вратете се и работете во парламентот. Бугарите се мудар народ и затоа не не оставија да управуваме сами, коментира Бојко Борисов.
Тој додаде дека партиите од протестите, заедно со бугарските социјалисти, имале огромно мнозинство од 165 пратеници од вкупно 240 во Националното собрание. Тој предвидува дека новото мнозинство нема да може да ги спроведе идните избори во Бугарија и дека доколку целта е формирање на доживотна привремена влада, тој кажа дека станува збор за напад на демократијата.
-Нема да можат да се справат со електронското гласање, по пошта, ќе направат голем проблем. Очигледно е дека немаат ниту правен капацитет. Тие не успеваат во се што ќе допрат. Да постават правила што сакаат. Нивното име е отровно, додаде Борисов.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава