Борисов: Бугарија нема да биде пречка за помошта на Грција

Бугарија повеќе нема да се противи на одобрувањето на итниот тримесечен кредит на Грција во износ од седум милијарди евра, откако добила уверување од Брисел „дека тоа нема да има дирекно влијание врз неа“, јавија медиумите во Софија.
- Европската комисија ни даде целсони гаранции дека Бугарија на никаков начин нема да претрпи загуби, да има трошоци или да одвојува средства до својот буџет за спас на Грција, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Во обраќање пред пратениците во бугарското Собрание, Борисов нагласи дека Софија нема да мора да учествува во помошта за Грција со „ниту еден лев“.
Според Борисов, не би било „европски и добрососедски“ ако Бугарија биде единствената земја во ЕУ која би била против помошта за Грција.
- Една нестабилна Грција во нашето соседство би била страшна работа. Да сте на мое место би го сториле истото. Сигурно не би сакале од Бугарија да направите гробар на Грција, им порача Борисов на бугарските пратеници.
Претходно, бугарските вицепремиери Румјана Бачварова и Томислав Дончев изјавија дека е „многу веројатно“ оти Бугарија ќе се спротивстави на корстењето на средства од Европскиот стабилизациски механизам за помош на Грција.
Бугарија е меѓу финансиски најдисциплинираните и најмалку задолжените земји во ЕУ, што го постигна со одржување на ниско ниво на платите и пензиите, па затоа повеќе бугарски политичари се противат на можноста пари „од нивниот џеп да одат за спас на недисциплинираниот јужен сосед“.
На исплатата на помош на Грција од Стаблизацискиот механизам се противат и Велика Британија и Чешка, но според извори во Брисел, „во процес е постигнување компромис“ по ова прашање.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сотирис Минас, поет од Грција
-

Хуманитарен пикник на „Алкалоид” – 2,2 милиони денари за Клиниката за детски болести „Козле”
-

ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер со владината реконструкција
-

Мицкоски ја бара ЕУ на масата со Бугарија
-

„Дозволуваме поединци да се богатат со уништување на нашето богатство“, велат од „Анима Мунди“ за ловот на дивеч
-

Епидемијата на западно-нилска треска активна – 10 хоспитализирани, двајца на Интензивна
-

Македонската песна „Што ми е мило, ем драго“ стигна до Холивуд, употребена е во филм со актерите Метју Меконахи и Курт Расел
-

Сотирис Минас ја промовираше книгата „Раскинување на договорот“
