Борисов: Бугарија ќе продолжи да го поддржува европскиот пат на Црна Гора
По воспоставувањето нови правила за преговарање за членство во ЕУ, Бугарија ќе продолжи силно да го поддржува европскиот пат на Црна Гора, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов на заедничката прес кофенренција со неговиот црногорски колега Душко Марковиќ, кој престојува во официјална посета на таа земја.
Борисов го осуди вандализам во Црна Гора по повод усвојувањето на Законот за слобода на вероисповед, а како „неразумен“ го оцени потегот на членот на српското претседателство Милорад Додик да стави вето на посетата на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ на Сараево.
– Бугарија ќе продолжи силно да ја поддржува европската интеграција на Црна Гора во новите услови на преговори за членство во ЕУ. Ги осудувам сите вандалски напади во Црна Гора по донесувањето на Законот за слобода на вероисповед. Сметам дека верските прашања треба да се решат преку дијалог и на мирен начин. Слушнав за забраната за посета на Босна и Херцеговина за претседателот на вашата земја. Со такво однесување државите од регионот нема да станат дел од Европската унија, рече Борисов.
За време на официјалната посета на Марковиќ на Бугарија, исто така се планирани состаноци со премиерот и претседателот на Бугарија Румен Радев, како и со претседателот на Народното собрание Цвета Карајанчева.
Темите на средбите на Марковиќ со бугарските власти ќе бидат интензивирање на меѓудржавната соработка во областа на одбраната, енергетиката, туризмот, земјоделството, инфраструктурата, како и во сферата на културата и здравството, и воспоставување соработка во областа на спортот и младите.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден