Борисов: Ако не го потпишеме договорот за добрососедство со Македонија, што друго би потпишале

Ако не го потпишеме договорот за добрососедство со Македонија, не знам што друго би можеле да потпишеме во иднина, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов за време на јавна дебата, јавуваат бугарски медиуми.
- Договорот за добрососедство со Македонија е исклучително важен. Треба да оставиме историчарите да дебатираат. И мене не ми е пријатно да слушам за многу теми. Убеден сум дека и бугарските политичари ќе не поддржат. Зависи и од политичарите во Македонија дали овој договор ќе се постигне. Ако него не можеме да го потпишеме, тогаш што би можеле во иднина да потпишеме. Интересот на Бугарија е да ја поддржи Македонија да влезе во Северно-атланскиот пакт. Се надеваме дека и колегите разбираат какви се опасностите во иднина ако сето тоа не се случи, вели Борисов.
За средбите во Дубровник и т.н. Берлински процес за Западен Балкан, тој оценува дека радува што сите се убедени дека Балканот треба да биде стабилизиран.
- Ако не поднесеме сметка и не сакаме да и погледнеме на вистината в очи, Балканот повторно е најтешкиот и нестабилен регион во цела Европа. Убеден сум дека со Берлинскиот процес и со претстојното претседателство можеме да направиме доста во однос на пристапувањето, посочува бугарскиот премиер Борисов.
Ново на Сител
-

Савевски: Предметот за мазутот не е рефиниран
-

Путин најави распоредување на „најмоќната ракета во светот“ до крајот на годината
-

Неизвесно е дали хантавирусот на крузерот мутирал
-

Силно невреме го зафати регионот: Град во Србија, хаос во Загреб и прекин на сообраќајот во БиХ
-

Стефан Мелник освои сребрен медал на Светското првенство за слабовиди и слепи шахисти
-

ОЈО ГОКК ја затвори истрагата за снабдувањето со мазут за ТЕЦ Неготино, нема основано сомнение за кривични дела во предметот
-

Почнува јубилејниот 70. Евросонг
-

Татко го пронашол починато своето бебе во семејниот дом
