Борел: Кон крајот на септември ќе се одржи министерска средба ЕУ-Западен Балкан

Војната во Украина како колатерален ефект го има забрзувањето процесот на проширување на Унијата со земјите од Западниот Балкан и Украина, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел на прес-конференцијата по завршувањето неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Унијата во шпанскиот град Толедо.
– Украина ќе стане членка на ЕУ, а исто и Западниот Балкан. Но, поставувањето на временска рамка (за проширувањето), може да ја мобилизра нашата енергијата и енергијата на земјите кандидатите за членство, истакна Борел, најавувајќи дека на предлог на шпанското претседателство со ЕУ кон крајот на следниот месец ќе се одржи заеднички состанок на шефовите на дипломатиите на членките на Унијата со нивните колеги од земејите од Западниот Балкан.
Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, тој нагласи дека проширувањето е процес што се базира на исполнување на критериуми.
– Една земја ќе стане членка кога ќе ги испокни сите услови, но важно е да му се даде политички поттик на процесот, истакна Борел, додавајќи дека и Унијата мора сама да се подготви за процесот на прием на нови членки.
Борел водено најави дека на 14 септември ќе се одржи нов дијалог на високо ниво меѓу Србија и Косово во обид за надминуавње на разликите меѓу двете страни.
Ново на Сител
-

Земјотрес почувствуван во Скопје
-

Ристески: Синдикатите да направат анализа за минималната плата што ја бараат, протестите се политикантство
-

Европол: Разбиена криминална мрежа што шверцувала кокаин од Јужна Америка во Исланд
-

Потпишан меморандум за воздухопловна соработка со Сингапур
-

Владата донесе одлука што ќе овозможи да се уреди паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза"
-

Мицкоски и Тошковски порачаа дека „никој не е над законот“ во случајот со запленетите 40 тони марихуана
-

Во Министерството за транспорт се одржа стручна јавна расправа за измените на Правилникот за урбанистичко планирање
-

Вештачење за „Онкологија“: Несоодветни терапии и хемотерапија во терминална фаза
