Болеста на судијата Шабани го одложи „Тендери“ за 25 септември

Поради болест на судијата Осман Шабани денеска во Кривичниот суд во Скопје не се оддржа рочиштето за предметот на СЈО „Тендери“, во кој првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“.
Новото рочиште е закажано за 25 септември, кога ќе бидат сослушани сведоците на обвинителството и одбраната. Втор, резеревен термин за ново рочиште е утврден за 4 октомври.
Во овој случај обвинети се уште двајца членови на Комисијата за јавни набавки.
Според обвиниението дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа-Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.
Ново на Сител
-

Арсовски: Реконструкцијата треба да е робусна, а СДСМ треба да се плаши од избори
-

Тема на денот со Петар Арсовски политички аналитичар
-

Повторно судење за врсничко насилство во Штип
-

Стојанче Јовановски осуден на максимални 12 години затвор
-

Инфлацијата во април - 5,7%, најголем скок кај цените на храната
-

РКЕ ќе анализа дали блоковите се правични
-

Идниот месец реконструкција на кабинетот на премиерот Мицкоски
-

Муцунски: Нема услови за уставни измени
