Македонија
7. May 2026 - 8:20

Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, во официјална посета на земјава

Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој од вчера е во прва официјална посета на Република Северна Македонија денеска со неговиот домаќин министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, ќе оствари тет-а-тет средба, по што е најавена и заедничка прес-конференција.

За време на престојот во земјава, генералниот секретар на Советот на Европа ќе се сретне и со највисоките државни претставници, како и со ресорни министри, а планирани се и повеќе активности поврзани со унапредувањето на соработката со оваа меѓународна организација.

Советот на Европа е посветен на промоција на човековите права, владеењето на правото и демократијата, а Република Северна Македонија минатата година одбележа 30 години членство во организацијата, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.