-->
-->
Боксер од Гостивар се предаде пред Фјури
-->
Екс- светскиот шампион во тешка категорија Тајсон Фјури се врати на рингот со убедлива победа по 2,5 години отсуство.
Тој успеа да го победи гостиварецот Сефер Сефери за време на спектакуларна гала вечер во неговиот роден Манчестер.
Средбата, според планот, требаше да трае 10 рунди, но по првите четири, Сефери се откажа и на крајот „Кралот на циганите“ излезе краен победник.
Во третата и четвртата рунда, Албанецот прими многу тешки удари од Фјури и на крајот „ја фрли крпата“.
По успехот над албанскиот боксер, Британецот веќе има биланс од 26 победи (19 со нокаут) и еден пораз на професионалниот ринг.
За Сефери, ова беше втор пораз во неговата кариера, откако има и 23 успеси (21 со нокаут).
Британските медиуми денеска излегуваат со наслови како „Срамен ден за боксот“, „Најголемиот срам во боксот“ и слични конструкции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ