Богојавление го одбележаа и Македонците во Албанија
Православниот празник Богојавление-Водици беше одбележан насекаде низ Албанија каде живеат православни Македонци како во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови.
Во Мала Преспа традиционално се собраа во селските цркви и по литургиите што ги одржаа свештенците Алексо Темелко и Ропи Арѓири, се упатија кон брегот на Преспанско Езеро каде се фрли крст во сите девет села.
Во Пустец, беше градоначалникот Пали Колефски, кој присуствуваше на богослужбата во црквата „Архангел Михаил“ и на свечениот чин на фрлање на крстот.
– Најсереќен во Пустец беше Цветан Вангелофски. Посакувам многу здравје, среќа, бериќет и општа благосотојба. Им честитам на сите млади што ја продолжуваат традицијата, посебно секако на Цветан, кој од општината ќе добие награда во износ од 5.000 леки(над 40 евра), изјави Колефски за МИА.
Честитка по повод големиот христијански празник упати лидерот на Македонска алијанса за европска интергација (МАЕИ) Васил Стерјовски. Празникот го честиташе и македонското друштво „Илинден“ и огранокот за Голо Брдо.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
