Богоев: Патот за Трнодол останува ист, нема да се гради зграда
Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев денеска изјави дека меѓу патот за Трнодол и патот за Жданец нема да има зграда.
– Во Деталниот урбанистички план кој сега е само во почетна фаза и е на јавна анкета, овде се предвидува намена Д1, односно парковско зеленило. Со Регулацискиот план на Град Скопје уште одамна е предвиден мост што треба да го спојува патот за Трнодол и патот за Жданец. Ние како Општина мораме тој Регулациски план да го преземеме во нашиот ДУП. Во секој случај, со предложениот ДУП, патот за Трнодол останува и понатаму ист, изјави Богоев.
Тој појасни дека каналот нема да се затвори, на ова место нема да се гради зграда и патот за Трнодол ќе остане ист. Напротив, како што рече, тука ќе имаме парк, како што беше ветено на граѓаните во предизборието.
Богоев ги повика сите граѓани да дојдат денеска, во 13:30 часот, во урбаната заедница „Кузман Јосифовски – Питу“ на јавната презентација и да се уверат во овие факти. Граѓаните ќе можат да дадат критики и забелешки, онака како што предвидено во оваа фаза на носењето на Деталниот урбанистички план.
Ново на Сител
-

Најмногу снег на Попова Шапка
-

Ѓорѓиевски: Снегот не е изненадување во зима, подготвеноста е наша обврска | ФОТО
-

Американската војска заплени седми танкер поврзан со Венецуела
-

Во Кривичен пресуда за случајот „Геријатрија“
-

Утврдување на предлог-одлуки за избор на нови состави на ДИК и КСЗД
-

Уставниот суд ја одржува првата седница во 2026 година – на дневен ред девет иницијативи за оценка на уставност и законитост
-

Собранието ќе ја одржи 81. седница
-

Трамп за спорот околу Гренланд: Ќе најдеме решение

