„Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва
Претседателот на САД Доналд Трамп деновиве ја засилил координацијата со европските сојузници во обидите за прекин на огнот во Украина, соопшти денеска „Блумберг“.
Доколку Владимир Путин и понатаму го одолговлекува процесот, западните земји се подготвени на заеднички чекори за зголемен притисок врз Русија, се наведува во анализата.
Иако Трамп не настапува јавно со истата острина како и европските лидери, се дознава дека приватно, го поддржал нивниот став. Лидерите на Германија, Франција, Британија и Полска викендов беа во Киев и најавија нови санкции доколку Русија не ги прекине нападите до понеделник. Трамп се согласил да делува синхронизирано, па дури и со дополнителни санкции, вели европски официјален претставник.
Европските лидери бараат прекин на огнот од денеска, во спротивно следат одлучни акции од Европа и САД. На заедничкиот повик за 30-дневно примирје од 12 мај, Путин возврати со предлог за обнова на преговорите во Истанбул без предуслови. Зеленски најави дека на 15 мај ќе патува таму за директни разговори, по охрабрување од Трамп да се започне дијалог со Москва.
– Украина треба веднаш да се согласи, за да се види дали е можен мировен договор, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social. Ако тоа не се случи, САД и Европа ќе знаат како да постапат, додаде тој.
Републиканскиот сенатор Линдзи Грем најави поддршка од двете партии во Конгресот за нови „поразителни“ санкции против Русија, вклучувајќи 500 отсто царини на увоз од држави што купуваат руски енергенси. Велика Британија траба да објави нови мерки денеска, на европскиот безбедносен самит во Лондон.
Ново на Сител
-
За 5.1 проценти зголемен прометот во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво
-
Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Неапол и околината
-
Лани евидентирани 757 дивоградби, речиси сите се во приватна сопственост
-
Конзулатот е во комуникација со семејството на починатото девојче во Италија, велат од МНР
-
Во Милан очекуваат ветеранот Лука Модриќ да има лидерска улога во тимот
-
Николоски: Планина поместивме да го изгрaдиме експресниот пат од Фариш до Дреново
-
Сар: Израел е заинтересиран за воспоставување дипломатски односи со Сирија и Либан
-
Би-Би-Си: Сателитски снимки покажуваат санација на штетата во иранскиот нуклеарен погон Фордо