Блокадата на објекти на РТС во Белград трае повеќе од 80 часа
Повеќе од 80 часа веќе трае студентската блокада на објекти на Радио-телевизија Србија во Белград. Од 14 април во 22 часот досега, блокирани се објекти на јавиот дифузер во центарот на Белград на улицата Таковска, и на Кошутњак, јави дописникот на МИА од Белград.
Според најавите на студентите, блокадата ќе трае се додека не се распише нов конкурс за членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) или додека не се прекине емитувањето програма од РТС.
Пред централниот објект на РТС во центарот на Белград студенти во блоакда и граѓани со свирчиња и вувузели изразуваа незадоволство од работата на Јавниот сервис.
Програмската шема на РТС се емитува отежнато, уредништвото веќе неколкупати повика на прекин на блокадата.
Студентите во блокада синоќа најавија дека Велигден ќе го дочекаат пред Радио и телевизија на Србија и ги повикаа граѓаните да им се придружат во тоа.
„Овој празник го дочекуваме под ведро небо пред РТС, бидејќи сметаме дека борбата за вистината не смее да престане ниту за време на празниците. За сите овие денови на блокада, станавме семејство… И вие сте дел од тоа семејство, вие сте со нас. Нашиот Велигден е и ваш“, пишува во објавата на Студентите во блокада на нивниот Инстаграм профил.
Тие испратија писмо до Одборот за култура и информирање во кое ги известуваат дека блокадата и протестот пред РТС ќе продолжат се додека не објават јавен повик за избор на членови на Советот на РЕМ (регулаторно тело за електронски медиуми).
„Од понеделникот во 22 часот трае незаконската блокада на објектите на Радио и телевизија на Србија поради што вработените се оневозможени да влезат на своите работни места, РТС го прилагодува програмскиот распоред поради тешките услови за работа“, објавија од РТС на Х.
Ново на Сител
-
Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико
-
Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Македонските одбојкари финишираат со подготовките за Европската златна лига
-
Обновен сообраќајот на Кримскиот мост
-
Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна